Достапни линкови

Обама: убиен е талибанскиот лидер Мансур


Мула Актар Мансур

Мула Актар Мансур

Американскиот претседател Барак Обама потврди дека талибанскиот лидер Мула Актар Мансур бил убиен, оценувајќи дека негивата смрт е важна пресвртница во напорите да се постигне мир во Авганистан. Авганистанските власти соопштија дека пред два дена Мансур бил убиен во напад извршен со американско беспилотно летало во пакистанската провинција Балочистан која се граничи со Авганистан. Мансур беше прогласен за лидер на талибанците во јули 2015 откако умре нивниот духовен лидер Мула Мохамад Омар.

XS
SM
MD
LG