Достапни линкови

Обама пристигна во Виетнам


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Виетнам со што ја почна еднонделната турнеја во Азија како дел од напорите за зајакнување на економската и безбедносната соработка со тој регион. Обама планира во Виетнам да остане три дена при што ќе одржи говор за американско виетнамските односи. По Виетнам тој заминува во Јапонија на самитот на Групата седум индустриски земји. Тој ќе ја посети и Хирошима, што ќе претставува прва посета на еден американски претседател додека е во Белата куќа на овој град врз кој САД фрлија атомска бомба во 1945 година кога загинаа над 80 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG