Достапни линкови

Десет години затвор за косовски имам


Илустрација: Апсење осомничени исламисти во Косово

Илустрација: Апсење осомничени исламисти во Косово

Основниот суд во Урошевац му изрече казна затвор во траење од десет години на имамот Зекирија Ќазими, кој беше обвинет за регрутирање за тероризам и поттикнување омраза и национално, расно и етничко нетрпение. Заедно со поранешниот имам на џамијата „Ел-Кудус“ во Гњилане, судот им изрекол затворски казни и на шест други обвинети лица за поврзаност со тероризам, кои беа осудени на затвор меѓу три и осум години.

Против имамот Ќазими и шесте други осудени лица, Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение во јануари 2015 година а тие беа уапсени во текот на 2014 година.

Ќазими се смета за блисок соработник на Лавдрим Мухаџери, кој е водач на албанските џихадисти во Сирија, како и на неговата десна рака Ридван Хаќиви. Ќазими регрутирал џихадисти за терористичките групи ИД и Фронтот Ал Нусра, а бил и главен поттикнувач на џихад преку јавни предавања.

XS
SM
MD
LG