Достапни линкови

Бинали Јилдирим - нов лидер на владејачката партија во Турција


Бинали Јилдирим

Бинали Јилдирим

Турската владејачка Партија на правото и правдата го избра клучниот сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Бинали Јилдирим, за нов партиски претседател, а со тоа ќе биде назначен и за нов премиер. Јилдирим, кој е актуелен министер за транспорт и врски и еден од основачите на владејачката партија, беше единствен кандидат на партискиот конгрес во Анкара. Тој треба да го замени Ахмет Давутоглу, кој се повлече од премиерската позиција поради несогласувањата со Ердоган.

Јилдирим рече дека Турција има потреба од нов устав и најважна мисија на Владата е да го измени законот и да воведе претседателски систем.

XS
SM
MD
LG