Достапни линкови

Авганистан го потврди убиството на лидерот на талибанците


Tалибанскиот лидер Мула Актар Мансур

Tалибанскиот лидер Мула Актар Мансур

Авганистан потврди дека талибанскиот лидер Мула Актар Мансур бил убиен во напад со беспилотно летало во Пакистан. Националниот директорат за безбедност на Авганистан денеска соопшти дека Мансур и уште двајца милитанти биле погодени во провинцијата Балучистан во Пакистан во близина на границата со Авганистан.

Пентагон претходно соопшти дека извршиле воздушен напад против Мансур на авганистанско-пакистанската граница. Американски претставници соопштија дека Мансур и уште еден борец веројатно биле убиени.

Пакистански разузнавачки претставници соопштија дека во напад со беспилотно летало во провинцијата Балучистан биле убиени двајца луѓе, но оти труповите биле изгорени, па не може да се изврши идентификација.

Мансур беше прогласен за лидер на Талибанците во јули минатата година, неколку дена откако авганистанската влада потврди дека талибанскиот духовен водач Мула Мохамад Омар починал во пристанишниот град Карачи во Пакистан пред две години.

XS
SM
MD
LG