Достапни линкови

Укинат полицискиот час во историскиот дел на Дијарбакир


Дијарбакир

Дијарбакир

Турските власти го укинаа полицискиот час во неколку историски квартови во југоисточниот град Дијарбакир, кој е населен претежно со Курди. Операциите на силите за безбедност против курдските бунтовници почнаа уште во декември, а главната цел беше квартот Сур, познат по древните ѕидини и градините Хевсел, кои се вклучени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Властите денеска соопштија дека е укинат полицискиот час на неколку улици во историскиот кварт, откако е воспоставена безбедноста. Турските сили за безбедност ги продолжуваат операциите против вооружени групи, поврзани со нелегалната Курдска работничка партија во југоисточниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG