Достапни линкови

Нов претседател на владејачката партија во Турција


Бинали Јилдирим

Бинали Јилдирим

Владејачката Партија на правото и правдата во Турција денеска бира нов претседател, кој ќе биде и премиер. Министерот за транспорт и врски, 60-годишниот Бинали Јилдирим, кој е клучен сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган и еден од основачите на владејачката партија, е единствениот кандидат на денешниот партиски конгрес во Анкара. Јилдирим ќе го замени премиерот Ахмет Давутоглу, кој се повлече поради разликите со Ердоган. Главна задача на новиот премиер ќе биде да ги спроведе уставните измени со кои му се дава поголема моќ на претседателот.

XS
SM
MD
LG