Достапни линкови

logo-print

Протест на војниците - бараат дневници како полицајците


Синдикатот на одбрана и безбедност и професионалните војници денеска излегоа на протест пред владата. Тие бараат изедначување на платите и третманот со полицијата, но и покачување на, како што велат, несоодветните дневници кои ги земаат за дополнителните задолженија. Посочуваат дека нивните дневници се драстично помали во однос на другите вработени во администрацијата. Велат дека повеќе од една година се обидуваат преку Министерството за одбрана да издејствуваат подобрување на армискиот стандард, но оттаму наишле само на молк.

Министерството за одбрана, пак, реагира дека во неколку наврати се одржани разговори со синдикатите на кои е посочено дека стандардот на Армијата останува приоритет за надлежните институции. Во соопштението се наведува дека и покрај непланираното ангажирање на припадниците на Армијата на јужната граница поради мигрантската криза, нема застој во исплатата на обврските кон вработените во Министерството и припадниците на Армијата и оти дневниците им се зголемени за 30 отсто, што, како што велат, е голем исчекор напред. Министерството информира дека континуирано работи „на унапредувањето на условите за работа и престој на јужната граница“.

XS
SM
MD
LG