Достапни линкови

Најмалку двајца загинати на протестите во Багдад


Најмалку двајца луѓе загинаа, а дестици се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Багдад. Ирачките власти денеска соопштија дека двајцата загинале од прострелни рани кои ги здобиле кога безбедносните сили ноќеска пукале во обид да ја растераат толпата луѓе која упадналаво строго обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад. Се наведува дека 57 луѓе биле повредени.

Болнички извори претходно, за новинската агенција Ројтерс, соопштиле дека има четворица загинати и 90 повредени.

Безбедносните сили исто така користеле солзавец, водени топови и шок бомби против илјадниците демонстранти, кои упаднале во владини објекти, вклучувајќи го и кабинетот на премиерот Хајдар ал-Абади. Ова е втор пат во изминатите две недели демонстрантите да успеат да се пробијат во Зелената зона, каде што е Парламентот и многу странски амбасади.

Демонстрантите, од кои многумина поддржувачи на влијателниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр, се гневни поради тоа што владата не успеа да ги донесе антикорупциските реформи и да ја подобри безбедноста во земјата.

Садр синоќа издаде соопштение за поддршка на демонстрантите и осуда на употребата на сила против нив. Премиерот Абади, пак, во синоќешниот говор, ги осуди демонстрантите, велејќи дека „законот мора да се спроведува против секој прекршител“.

XS
SM
MD
LG