Достапни линкови

Лукашенко во посета на Италија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е во посета на Италија. Економијата и трговските врски ќе бидат во фокусот на разговорите со неговите домаќини. Прес-службата на Лукашенко соопшти дека тој се надева дека ќе се прошири трговијата и економските инвестиции во оваа поранешна советска република. Освен со италијанскиот претседател, Лукашенко исто така, треба да се состане со папата Франциск во Ватикан. Посетата доаѓа во време кога Лукашенко се обидува да има поблиски односи со Западот, особено со Европската унија, по укинувањето на санкциите кои беа воведени поради острите мерки за справување со опозициските пратеници, независните медиуми и активисти од граѓанското општество.

XS
SM
MD
LG