Достапни линкови

logo-print

Де Хроут: Потребно е сеопфатно повлекување на одлуката за аболиција


Загриженост за актуелната политичка ситуација во Македонија и потреба за сеопфатно повлекување на одлуката за аболиција изразил меѓу другото генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут на средбите одржани за време на посетата на Македонија, соопшти Амбасадата на Холандија во Скопје.

Де Хроут кој е претставник на ниво на заменик-министер за надворешни работи на Кралството Холандија, во рамките на посетата на земјата се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, со лидерите на политичките партии кои се потписници на Договорот од Пржино и со претставници од невладиниот сектор.

„За време на состаноците заменик-министерот Де Хроут ја изрази својата загриженост во врска со сегашната ситуација која е разединувачка и неодржлива, и која може да се подобри единствено преку инклузивен процес заснован на транспарентност и одговорност од сите чинители. Сите страни треба да бидат вклучени во дефинирање и спроведување на реформска агенда заснована на Договорот од Пржино“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG