Достапни линкови

logo-print

Осудени седум лица во Косово за учство во ИД во Сирија


Косовскиот суд денеска објави дека се осудени седум лица на затворски казни до 10 години, откако биле прогласени за виновни дека биле дел од групата на Исламската држава.

Главниот обвинет, имамот Зекирија Ќазими беше осуден на 10 години затвор за регрутирање на млади луѓе од Косово да одат да се борат за ИД во Сирија.

Ќазими беше имам во џамијата Ел – Кудис во Гњилане, кога беше уапсен во август 2014 година.

Меѓу доказите кои водат до неговото осудување е и видео снимка од 2013 година на која Ќазими вели: „Крвта на неверниците е најдобар пијалок за нас.“

Судот соопшти дека останатите лица биле прогласени за виновни за учество во терористички организации, откако патувале од Косово во Турција па потоа во Сирија.

XS
SM
MD
LG