Достапни линкови

Грузиец убиен во близина на отцепениот регион Абхазија


Грузија официјално изрази „шок и длабока загриженост“ во врска со смртоносното пукање на административната граница со отцепениот регион Абхазија, кој е под контрола на Русија.

Грузиското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека 31-годиншниот Грузиец, Гига Откозорија бил убиен од страна на руски трупи кои патролираат во близина на границата.

Министерството информира дека очевидци сведочеле дека Откозорија бил шест пати застрелан на грузиската страна на границата.

Министерството исто така посочи дека Тбилиси ќе употреби легални и политички механизми да осигура дека лицата осговорни за убиството ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG