Достапни линкови

logo-print

ЕУ дава 56 милиони евра итна помош на Грција за мигрантите


Европската комисија на Грција и додели 56 милиони евра на име итна помош за подобрување на условите на мигрантите.

Средствата се наменети за зајакнување на капацитетот на грчките власти за регистрација на новопридојдените мигранти и нивните барања за азил.

Грчката агенција АНА наведува дека од вкупната сума од 46 милиони евра се обезбедени од Фондот за азил, миграција и интеграција (АМИФ), а преостанатите десет милиони евра стигнуваат од Меѓународниот безбедносен фонд (ИСФ).

XS
SM
MD
LG