Достапни линкови

Деца бегалци се принудуваат на проституција во прифатен центар кај Атина


Деца се принудени на проституција во прифатниот центар за мигранти и бегалци кој се наоѓа на местото на стариот меѓународниот аеродром во Елинико, јужно од Атина, изјави градоначалникот на Алимос, Андреас Кондилис.

Во изјава за телевизијата „Скај“, Кондилис рече дека има поплаки оти некои жители на кампот принудуваат малолетни лица да се проституираат.

Тој додаде дека присуството на полицијата во центарот, во кој се сместени околу 6.000 мигранти и бегалци, е несоодветно.

XS
SM
MD
LG