Достапни линкови

Вајгл: Претстојат сложени реформи за фер избори


Европратеникот Иво Вајгл денеска изјави дека во Македонија претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, и реформа на медиумите кои треба да бидат огледало на општеството.

Она што сега беше одлучено не е трајно, туку преодно решение, вели Вајгл, но може да биде добро за државата и да доведе до договор меѓу партиите ако тие бидат посветени на дијалогот и ги спроведат реформите кои ги обврзуваат сите да соработуваат.

„Претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, реформа на медиумите кои треба да бидат огледало на општеството, а не некој кој стои настрана од игралиштето и само и аплаудира на едната страна. Како прагматичен политичар сметам дека секогаш е добро да се води процес со договор, со компромис, со заеднички одлуки, но еднакво е важно да се земе предвид заедничкиот интерес на државата и граѓаните и тој да влијае на одлуките кои се носат сега и во иднина“, вели Вајгл во изјава за радио Слободна Македонија.

XS
SM
MD
LG