Достапни линкови

Пронајдени остатоци од египетскиот авион во Средоземното Море


Египетската војска соопшти дека денеска во Средоземното Море пронашла остатоци од исчезнатиот авион на компанијата „Иџиптер“, 290 километри северно од медитеранскиот град Александрија.

Морнарицата пронашла и некои предмети кои им припаѓале на патниците и сега е во потрага на црните кутии.

Авионот на египетската компанија со 66 патници и членови на екипажот леташе на линија Париз – Каиро, кога вчера утрото исчезна над Средоземното Море.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал – Сиси изрази сочувство за семејствата на жртвите кои се наоѓаа во авионот.

Египет соопшти дека е поверојатно авионот да бил соборен во терористички напад, отколку дека се работи за техничка грешка.

Египестските безбедносни власти ја истражуваат можноста дека падот на авионот е последица на тероризам и спроведоа безбедносни проверки на патниците за да утврдат дали некој од нив бил поврзан со ектремизам.

Француското обвинителство вчера соопшти дека покренало истрага за исчезнувањето на авионот, потенцирајќи дека во овој момент ниту една од хипотезите за причините не може да се илклучи или да биде фаворизирана.

XS
SM
MD
LG