Достапни линкови

logo-print

Условни казни затвор за двајца демонстранти од „Шарената револуција“


Кривичниот суд на двајца демонстранти од „Шарената револуција“ денеска им додели условни казни од 6 и 12 месеци.

Никола Аризанов и Филип Наковски на денешното рочиште ја признаа вината за учество во толпа што ќе стори кривично дело, за протестите од 13 април пред Народната канцеларија на Претседателот.

Тие добија шест месеци и една година условни казни затвор, а укинат им е домашниот притвор.

Вчера беше одложено судењето на двајцата членови на партијата Левица, Здраво Савески и Владимир Куновски, кои остануваат во куќен притвор.

Пред два дена Борјан Ефтимов беше осуден на три месеци условна казна затвор, фоколку не го повтори делото во рок од една година.

XS
SM
MD
LG