Достапни линкови

Шест милитанти убиени во престрелка со безбедносните сили во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Пакистанските власти соопштија дека шест исламистички милитанти биле убиени, во пресрет на планиран напад на универзитет во централната провинција Пинџаб.

Контра – терористичките полициски претставници денеска изјавија дека групата милитанти се наоѓала во областа Дера Гази Кан, кога полицијата ги нападнала и се ангажирала во престрелка.

Властите велат дека милитантите планирале напад на универзитетот „Бахаудин Закарија.“

Инцидентот следи откако пред два дена пакистанските безбедносни сили убија осум наводни милитанти во селото Навабпур во близина на Мултан.

Претставници на полицијата велат дека некои од убиените милитанти биле членови на екстремистичката група Ал - Каеда во Пакистан.

XS
SM
MD
LG