Достапни линкови

Селективните помилувања, уште поголем проблем


Со селективното помилување некои луѓе ќе останат надвор од законот. Одредени одредби од законот се контроверзни со што му се даваат овластувања на Претседателот кои тој не смее да ги има. Законот само ќе ја усложни кризата, коментираат правните експерти.

Измените во Законот за помилување со кои претседателот Ѓорге Иванов може да ја повлече одлуката за аболиција по сопствена иницијатива или по барање на засегнатите лица нема да ја решат политичката криза, туку дополнително ќе ја искомплицираат, коментираат правните експерти.

Селективноста во оваа состојба е најлошото нешто што може да се презентира. Тоа значи дека одредени луѓе ќе бидат на страна од законот, одредени луѓе ќе бидат процесуирани согласно законот. Тоа во дадената политичика криза во Македонија најмалку и треба.

Маргарита Цаца Николовска, правен експерт.

Маргарита Цаца Николовска вели дека ваквото решение требаше да се образложи во Собранието и да се каже многу повеќе од она што технички беше презентирано. Со овој закон и дадените одредби се прават преседани каде многу одредени правни институции се доведени во прашање, истакнува Николовска, дополнувајќи дека одредбите на некој начин даваат можност помилувањето воопшто да нема шанса да се повлече или на некој начин да биде селективно.

„Селективноста во оваа состојба е најлошото нешто што може да се презентира. Тоа значи дека одредени луѓе ќе бидат на страна од законот, одредени луѓе ќе бидат процесуирани согласно законот. Тоа во дадената политичика криза во Македонија најмалку и треба“, вели Маргарита Цаца Николовска.

Сите меѓународни претставници кои се вклучени во начинот на решавање на кризата тоа го потенцираа, но очигледно оваа Влада и Собрание го прават тоа што не добро за Македонија, вели Николовска.

„Зошто се на овој начин предложени? Па владејачката гарнитура прави сè да прикаже дека нешто се обидува да ја разреши ситуацијата, а во суштина само ја докомплицира ситуацијата.“

Претходно функционерот на американскиот Стејт Департмент, Хојт Брајан Ји, порача дека делумно или селективно повлекување на помилувањата дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивност во државата.

Професор Осман Кадриу недвосмислено укажува дека аболицијата не треба да биде содржана во законот за помилување. Тој вели дека со измените на законот за помилување, не се решава кризата, туку уште ќе се продлабочува, зошто одредбите од законот се во директна спротивност со Уставот. Уставниот суд треба да ги укине овие одредби, вели Кадриу. Според него спротивна на Уставот е одредбата со која се дава можност законот да важи ретроактивно.

„И второ повторно се дава овластување на Претседателот тој да може да ја поништи сопствената одлука и тоа кога самиот ќе смета за потребно да ја повлече аболицијата и второ кога одредени лица кои ќе бидат аболирани по нивно барање претседателот да се произнесе со одлука за отповикување на аболицијата за тие лица во рок од 30 дена. Овие одредби се контроверзни и такви овластувања не може да има Претседателот на државата.“

За да се излезе од кризата, Кадриу смета дека аболицијата не треба да се предвидува со законот. Од СДСМ бараат целосно да се поништи аболицијата. Горан Сугаревски од таа партија изјави дека аболициите треба да се поништат, а криминалците да завршат во затвор.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG