Достапни линкови

Уметноста треба да се занимава и со политиката


Политиката не смее да навлезе во уметноста, но уметноста треба да ги разгледува сите општествени случувања, вклучително и политиката, вели писателот Петар Андоновски.

Она што особено ме радува е што на протестите на таканаречената „Шарена револуција“ речиси секој ден се активни многу писатели, особено писатели од мојата генерација на кои им останува оваа земја и книжевноста, вели во интервју за Радио Слободна Европа кое целосно ќе го емитуваме в недела, младиот писател Петар Андоновски. Во однос на постарите колеги, тој смета дека тие се позаспани и се надева дека на крајот ќе се разбудат. Не случајно, според него, младите се најактивни оти сите протести почнаа од студентските движења и протести и токму тие ги прават промените. За оние кои отворено го критикуваат учеството на фелата во протестите или пак избираат да молчат, Андновски истакнува дека не е во прашање само страв.

Некои од нив се наоѓаат на високи функции кои се плашат да не ги загубат. Некои од нив биле партиски вработени и се плашат да не ги загубат работните места. Така што мислам дека молкот доаѓа од токму тука, а не од некој страв.

„Сметам дека тоа се лични пресметки и колку имаат корист. Некои од нив се наоѓаат на високи функции кои се плашат да не ги загубат. Некои од нив биле партиски вработени и се плашат да не ги загубат работните места. Така што мислам дека молкот доаѓа од токму тука, а не од некој страв“, вели тој.

Професорката на факултетот за драмски уметности, Маја Стевановиќ истакнува дека не и е јасно зошто фелата молчи кога се работи за нивната професија, затоа што говорењето гласно за неправилностите или промените кои може да се случат за потезите на партијата на власт, а се однесуваат на нивната работа. Според неа, во мигот кога тие ќе застанат зад почитувањето на принципите и вредностите на професијата тогаш може да се говори за фела.

„Затоа што не може да биде поважно да се штити некаков си партиски интерес од вредностите и принципите на сопствената професија. Оние кои што одбиваат да прозборат гласно и институционално, во крајна линија да се заложат за вредностите на сопствената професија тие за мене и воопшто не се луѓе од фелата. Што значи да се биде уметник? Значи да се биде вработен во некаква институција на културата и да не се реагира што се продава нешто што е анти-уметност? Една директорка на институција на театар Комедија побара гумени куршуми. Во крајна линија што значи да се биде граѓанин на оваа земја и да се повикува на насилство“, вели таа.

Андоновски додава дека уметноста делумно треба да биде во корелација со политиката.

„Политиката не смее да навлезе во уметноста, но уметноста треба да биде таа која ќе ги разгледува сите општествени случувања, вклучително и политиката“, вели тој.

Освен на протестите на Шарената револуција, присуството на уметниците може и да се забележи на контра протестите организирани од ГДОМ.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG