Достапни линкови

logo-print

Ахмети: договорот од Пржино продолжува


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Тетово разговараше со специјалниот претставник на Владата на Германија Јохан Хајндл. Ахмети му се заблагодари на Амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со последните случувања во земјата со што ја поздрави одлуката на Уставниот Суд, по иницијативата на ДУИ која овозможува враќање на Собранието, откажување на изборите на неодредено време и создавањето законска можност за повлекување на одлуката за помилување на Иванов. Ахмети истакна дека Договорот од Скопје продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, при што Владата ќе ги спроведе предвидените реформи со посветеност.

XS
SM
MD
LG