Достапни линкови

Клинтон смета дека Трамп е закана за демократијата


Кандидатот за претседателската трка на американската Демократска партија Хилари Клинтон изјави дека нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп е закана за демократијата и оти не бил квалификуван да ја води земјата. Во една од нејзините најостри изјави досега, таа ги осуди изјавите на Трамп нарекувајќи ги „неодговорни, непромислени и опасни“. Според неа, контроверзните изјави на Трамп за муслиманите ќе му отежнат на Вашингтон да работи со владите на земјите на Блискиот Исток во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG