Достапни линкови

НАТО го финализира военото засилување во Европа


Шефовите на дипломатиите на НАТО го финализираа најголемото воено засилување на Алијансата од Студената војна за справување со се поагресивната Русија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на состанокот во Брисел се разгледувале сите важни прашања за подготовка на самитот на Алијансата во јули во Полска. Тогаш лидерите на НАТО и формално треба да ги одобрат разместувањата на дополнителни воени единици во источно европските земји членки на Алијансата како дел од стратегијата „одврати и разговарај“. Американскиот државен секретар Џон Кери побара од земјите членки на НАТО да ги исполнат нивните ветувања за зголемување на трошоците за одбрана.

XS
SM
MD
LG