Достапни линкови

logo-print

Хајндл на средби со Груевски и Заев


Германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл имаше одвоени средби со претседателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев. На средбата со Груевски, како што соопшти ВМРО ДПМНЕ, биле разгледувани различните аспекти на кризата, како и различните можности кои би довеле до нејзино разрешување. „При носењето на одлуките ВМРО ДПМНЕ се води од начелата содржани во Уставот, Законите и волјата на граѓаните притоа штитејќи го интересот на државата и затоа е потребно изнаоѓање на решенија со кој брзо ќе се надмине кризата“, рекол Груевски кој посочил дека за тоа е потребна функционална влада со полн легитимитет. На средбата на Јоханес Хајндл со лидерот на СДМС Зоран Заев бил повторен ставот на СДСМ за целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори.

XS
SM
MD
LG