Достапни линкови

Граѓани протестираат пред СЈО: Оваа криза се решава само на улица


Граѓани и вечерва се собираат на протест пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција.

Во најавата на социјалните мрежи на граѓанското движење „Протестирам“ е наведено дека после повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, општеството е стигнато до работ.

„Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица. Од оваа борба нема откажување. Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето“, велат демонстрантите.

„Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камоли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад.“

„Секојдневно упатуваме повик кон сите оние наши сограѓани и сограѓанки, особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат - тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба. Никој нема монопол на оваа борба, таа е на сите, насекаде и на долг рок“, се вели во најавата на социјалните мрежи на грѓанското движење „Протестирам.“

XS
SM
MD
LG