Достапни линкови

На Крит пронајдени можни делови од исчезнатиот египетски авион


Тимот на египетскиот авион кој учествува во потрагата по авионот од компанијата „Ер Египет“, кој доцна синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море, забележал во морето два портокалови предмети за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатото летало, изјави неименуван претставник на грчката војска.

Тој наведе дека предметите се здогледани на 230 милји југоисточно од грчкиот остров Крит, на подрачјето кое е под надлежност на египетската контрола на лет.

Претходно, извори од грчкото Министерство за одбрана наведоа дека пронашле два големи пластични предмети на површината на водата, на 230 милји јужно од Крит. Станува збор за два пластични предмети со црвена и бела боја.

Предметите се забележани во близина на подрачјето каде претходно е забележан сигнал на Транспондер, електронски уред во авионот кој емитува сигнали за помош кои можат да ја откријат локацијата на леталото.

Авионот на египетската компанија „Ер Египет“ со 66 патници и членови на екипажот леташе на линијата Париз - Каиро кога доцна синоќа исчезна од радарод над Средоземното Море.

XS
SM
MD
LG