Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Неучеството на СДСМ на расправата за помилувањето бегство на Заев од одговорноста


Одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување, според ВМРО-ДПМНЕ, е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите.

„Зоран Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра. Измените во Законот што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат токму таква можност, да биде повлечена аболицијата на Зоран Заев и државата да ги врати осумте милиони евра за кои е оштетена во случајот „Глобал“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Заев.

Од партијата сметаат дека изминатите шест месеци јавноста била сведок на деструкцијата на СДСМ откако влегла во институциите. Шест месеци, се вели во реакцијата, партиските кадри на СДСМ не реализираа ниту еден позитивен проект од полза на граѓаните, само ги блокираа веќе отпочнатите проекти и работеа на ангажирање на партиските послушници на високи позиции во позиции во министерствата кои ги раководеа.

„Не постои ниту една единствена разумна причина зошто мнозинството пратеници во Собранието не би ги прифатиле оставките на партиските кадри на Зоран Заев. СДСМ и Зораз Заев избегаа и од изборно соочување на 5 јуни покажувајќи дека се смртно преплашени од фактот дека народот ја прочита нивната деструкција и ќе ги казни на избори. Со тоа не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување, се посочува во партиската реакција.“

XS
SM
MD
LG