Достапни линкови

Руски воен автобус падна во клисура во Јужна Осетија


Шест војници загинале и 16 се повредени кога воен автобус се паднал во длабока клисура во Јужна Осетија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Автобусот денеска патувал на планински пат во отцепената грузиска република Јужна Осетија и паднал во клисура длабока 40 метри. Војниците патувале до нивното работно место кога се случила несреќата, информира Министерството.

Москва испратила авион со воени медицински лица во Јужна Осетија за да обезбеди третман за повредените, а четворици сериозно повредени војници биле испратени во болница во Москва.

XS
SM
MD
LG