Достапни линкови

Црна Гора го потпиша протоколот за пристапување во НАТО


Воени вежби на армијата на Црна Гора.

Воени вежби на армијата на Црна Гора.

Црна Гора и НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на земјата во Алијансата, отворајќи го патот балканската држава да стане 29 – членка на воента алијанса.

Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска присуствуваше на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека ова е „почеток на ново безбедносно поглавје“ во историјата на поранешната југословенска република.

Црна Гора како набљудувач ќе учествува на состаноците на Алијанската, се додека земјите на НАТО не го ратификуваат протоколот за пристап.

Ѓукановиќ рече дека очекува Црна Гора да се приклучи во НАТО во средината на 2017 година, при што ќе стане трета земја членка од Западен Балкан по Албанија и Хрватска.

Русија се закани дека ќе одговори на членството на Црна Гора, поради загриженоста на Москва за присуството на НАТО се поблиску до нејзините граници.

XS
SM
MD
LG