Достапни линкови

logo-print

СДСМ нема да присуствува на денешната собраниска седница


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека нема да присуствуваат на денешната седница на Собранието на Република Македонија, бидејќи предлог - законот за помилување е спротивен на интересите на граѓаните.

Тој на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат закони коишто се еднострани и оти поништувањето на аболицијата не треба да биде селективна.

„Повторно носат еднострани одлуки. Главната цел им е да ги спасат криминалците во своите редови. Не може да има селективно поништување на аболицијата. Не смее поништувањето на аболцијата да зависи од волјата на Ѓорге Иванов или од барањето на аболицираните поединци. Аболицијата мора да биде целосно поништена. Законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.

Тој посочи дека еден член од законот којшто денеска го предлагаат е противуставен заради ретроактивноста, а вториот член, како што рече, покажува дека само неколкумина евентуално би поднеле барање за да им биде укината аболицијата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара повлекување и на аболицијата од 2008 година за случајот „Глобал“, Заев одговори дека ако му се даде можност, веднаш ќе побара нејзино повлекување.

„Од 2008 година, Зоран Заев бара повлекување на аболицијата. Тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за тоа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред судот во Стразбур. И аболицијата од 2008 година ако ми се даде можнст, веднаш ќе побарам да биде повлечена или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја, барам да биде укината затоа што законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.

Тој повтори дека единствениот излез од политичката криза се брзи, регуларни, фер и демократски избори со прочистување на Избирачкиот список и со реформи во медиумите.

XS
SM
MD
LG