Достапни линкови

Оланд: Авионот на „Ер Египет“ се срушил на патот кон Каиро


Членови на семејствата на патниците во авионот на „Ер Египет“.

Членови на семејствата на патниците во авионот на „Ер Египет“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека се срушил авионот на „Ер Египет“, кој исчезна на патот од Париз до Каиро.

Ниту една од хипотезите за причините не може да се илклучи или да биде фаворизирана, рече Оланд по итниот состанок со министрите.

Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека изразиле сочувство кон Франција, за како што го нарече „падот“ на авионот.

Авион на „Иџиптер“ на летот од Париз до Каиро со 66 патници и членови на екипажот исчезнал од радарите, јавуваат новинските агенции.

Авионот од типот Ербас А320 полетал од Париз синоќа нешто по 23 часот и последната негова позната позиција била над Средоземното море.

Египетската војска соопшти дека испратила авион и бродови да го лоцираат авионот и оти акцијата се одвивала во соработка со Грција.

XS
SM
MD
LG