Достапни линкови

Косово се подготвува за влез во НАТО


Властите во Приштина денеска ја поздравија одлуката на американскиот Конгрес кој реши да побара од администрацијата на САД поставување на темели за придружување на Косово кон Партнерството за мир, а претседателот Хашим Тачи изјави дека Косовските безбедносни сили (КБС) се подготвени да се трансформираат во Косовски вооружени сили (КАФ).

Тачи истакна дека КАФ ќе бидат „мултиетничка сила“ и ќе работат во согласност со стандардите на НАТО. Тој додаде дека косовските институции треба да донесат одлука за формирање на вооружени сили во најкус можен рок.

Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весељи истакна дека барањето на Конгресот е „многу добра вест за сите граѓани на Косово“.

„Ова е многу добра вест за сите граѓани на Косово кои сакаат да ја видат нашата земја како дел на НАТО во најкус можен рок. Исто така е уште еден доказ за вечното пријателство со САД и оти Америка ни е сојузник на чија поддршка секогаш можеме да сметаме, напиша Весељи на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG