Достапни линкови

Могерини: Санкциите против Русија ќе бидат обновени


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини изјави дека очекува во јули да бидат обновени санкциите пртив Русија, за нејзините акции во источна Украина.

Шефовите на државите и владите бараат санкциите да бидат укинати кога договорот од Минск ќе биде целосно спроведен“, изјави денеска Могерини во интервју за германскиот весник „Билд“, додавајќи дека тоа се уште не е постигнато.

Договорот од Минск потпишан во февруари 2015 година помогна во намалување на борбите меѓу владините украински сили и проруските сепаратисти во источна Украина, но спорадичните сидири продолжија. Од април 2014 година во конфликтот загинаа повеќе од 9.300 луѓе.

XS
SM
MD
LG