Достапни линкови

Летово меѓународна конференција за кипарското прашање


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган подготвува меѓународна конференција за кипарското прашање.

Во текстот на главниот уредник на весникот „Хуриет“, Мурат Јеткин се посочува дека промените во владата во Анкара најверојатно ќе влијаат врз преговорите за обединување на Островот. Според Јеткин, најверојатно Ердоган ќе го преземе кормилото на надворешната политика и не е исклучено да иницира одржување на меѓународна конференција на лето за кипарското прашање.

Јеткин оценува дека истото важи и за преговорите со Израел и оти Ердоган ќе го има последниот збор за евентуалното нормализирање на односите меѓу Анкара и Тел Авив. Тој тврди дека преговорите со Израел се во напредна фаза, но биле прекинати по повлекувањето на Ахмет Давутоглу од премиерската функција.

„Двата договори, за кипарското прашање и за нормализирање на односите Израел - Турција, имаат стратешко значење не само за Турција, Грција, Кипар и Израел, туку и за безбедноста и развојот на источниот дел од Медитеранот и на Блискиот Исток. Ако тие прашања бидат решени, ние че можеме да почнеме големи економски проекти, како транспортирање на природен гас од регионот на Кипар и Израел кон Европа преку гасоводите во Турција, како и достава на вода од Турција за Кипар“, оценува Јеткин.

XS
SM
MD
LG