Достапни линкови

Хајндл денеска во Скопје


Јоханес Хајндл

Јоханес Хајндл

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи Јоханес Хајндл денеска ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл повторно ќе разговара со партиите, потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски“, се наведува во соопштението. Во Скопје е заменик помошникот државен секретар на САД задолжен за прашања за Европа и Азија Хојт Брајан Ји. Тој вчера имаше разговори, меѓу другото, и со лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG