Достапни линкови

logo-print

Литванија и Романија се за засилено присуство на НАТО


Претседателите на Литванија Далија Грибаускајте и на Романија Клаус Јоханис побараа НАТО да го зголеми присуството во нивните земји поради конфликтот во Украина. „Ние сме свесни за ситуацијата во која се наоѓа Романија на Црното Море а во врска со окупацијата на Крим и зајакнувањето на офанзивните воени средства таму. Слична ситуација има и во Калининградската област“, рече Грибаускајте на заедничка прес конференција со романскиот претседател во Вилнус. Клаус Јоханис побара соодветни напори на НАТО за да се гарантира безбедноста и во двете крајни источни точки на Алијансата, за да се задржи балансот на силите.

XS
SM
MD
LG