Достапни линкови

Собранието дискутира за измена на Изборниот законик


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Собранието вечерва ја продолжи денешната 101 седница. Во моментов се одвива дискусија за втората точка на дневниот ред, а тоа е предлог законот за измена на Изборниот законик по предлог на Демократската унија за интеграција, кој треба да биде донесен со мнозинство гласови.

Станува збор за седница за одложување на изборите кои беа закажани за 5 јуни.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денешната собраниска седница ја закажа по одлуката на Уставниот суд да ја преиспита уставноста на самораспуштањето на Парламентот со одложена примена. Уставниот суд донесе и времена мерка за замрзнување на сите изборни активности.

XS
SM
MD
LG