Достапни линкови

СЗО предупреди на проширување на вирусот зика во Европа


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот зика се очекува да се прошири во Европа во текот на следните неколку месеци.

Во денешното соопштение СЗО посочи дека под најголем ризик во Европа се португалскиот остров на Атланскиот Океан, Мадеира, бреговите на Црното Море на Русија и Грузија и грузискиот отцепен регион Абхазија, бидејќи комарците „Aedes aegypti“ ги предизвикувале најголемиот дел од инфекциите и се автохтони во овие области.

Постои и умерена веројатност за појва на Зика и во 18 други земји каде има различни видови на комарците „Aedes albopictus.“

Во земјите се вклучени Хрватска, Турција, Бугарија, Романија, Словенија, Грузија, Албанија, БиХ и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG