Достапни линкови

logo-print

Протести пред СЈО под мотото: „Пукна бетонот, доаѓа правдата“


Под мотото „Пукна бетонот, доаѓа правдата“ почнаа денешните протести на движењето Протестирам. Стотици граѓани, како вообичаено во изминатиот месец, се собираат пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје, за да изразат поддршка на оваа институција.

Демонстрантите најавија дека ќе го продолжат протестот пред Собрание, каде што ќе ги повикаат пратениците, кои во моментов заседаваат, дека ќе останат на улица до исполнување на нивните барања. Тие, меѓу другото, бараат повлекување на политичките аболиции, оставка од претседателот Ѓорге Иванов и формирање техничка влада што ќе создаде услови за фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG