Достапни линкови

Во Исламабад обиди за заживување на мировните преговори со Талибанците


Исламабад е домаќин на петтата рунда разговори во кои учествуваат четри земји, со цел заживување на одамна замрените преговори меѓу Талибанците и авганистанската Влада.

Авганистанскиот амбасадор во Пакистан, Омар Закилваи го претставува Кабул на разговорите со дипломатите од Пакистан, САД и Кина.

Портпаролот на авганистанскиот претседател Ашрав Гани изјави дека земјата нема да испрати делегација од Кабул, се додека Пакистан не ги исполни ветувањата дадени на претходните сосотаноци.

Четирите земји од јануари се обидуваат на маса да донесат талибански делегати, со цел да се рестартираат мировните преговори.

Но, напредокот прекина откако талибанските милитанти започнаа пролетна офанзива против авганистанските владини сили.

Талибанците велат дека предуслов за продолжување на директните преговори е заминувањето на сите странски сили.

XS
SM
MD
LG