Достапни линкови

Предложено одложување на изборите без нов датум


На дневен ред на 101 седница на Собранието, којашто спикерот Трајко Вељаноски ја свика по денешната одлука на Уставниот суд, е изменување на Изборниот законик по скратена постапка, со која се бришат членовите каде се предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Нов датум за избори не се предвидува.

Предлог законот за изменување на Изборниот законик е поднесен од координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џаферии и тој не содржи нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори.

Во предложениот текст се наведува дека со предложените решенија во Изборниот законик нема да се предвиди точниот датум на одржување на предвремени избори за пратеници. Засега ова е единствена точка на дневниот ред на седницата закажана за 16 часот.

XS
SM
MD
LG