Достапни линкови

logo-print

Бугарија би можела да стане главна транзитна земја за бегалците


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Бугарија наскоро може да стане главна транзитна земја за бегалците од Блискиот Исток, во нивниот обид да стигнат до државите од западна Европа, оценува германскиот весник „Билд“.

Весникот се повикува на доверлив извештај за борба против илегалната миграција на криминалистичката полиција, федералната разузнавачка служба и федералната полиција на Германија.

Во него се истакнува дека поради зголемениот бегалски прилив, бугарската Влада има намера да изгради повеќе прифатни центри близу до границите со Турција и Грција.

„Поради мерките кои се воведени во Егејското Море, групите за превоз на бегалците се насочени на патот од Турција преку Бугарија кон западна Европа, се вели во извештајот.

Според германските безбедносни органи, Бугарија засега покажува „политичка решителност да се спротистави на можната промена на рутите и незаконското превезување на бегалците“, но податоците за мигрантите сведочат за значителен недостиг на контрола при влез во земјата и зголемена активност на шверцерите со луѓе.

Властите во Германија предупредуваат дека бугарската гранична полиција наскоро може да почне да се соочува со тешкотии поради недостиг на финансиски, кадровски и материјални ресурси.

XS
SM
MD
LG