Достапни линкови

Еден загинат и десетици повредени во експлозии во Пакистан


Пакистанските власти соопштија дека во двојна експлозија загинал еден полицаец и повредени се 18 луѓе во северозападниот град Пешавар.

Првата бомба била поставена на пат и екплодирала кога полициско возило поминало во населбата Аслам Дери во предградието на градот. Вртората бомба експлодирала кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Меѓу повредените се полицајци, спасувачи и претставници на медиумите. Отцепената група од пакистанските Талибанци, Џумат ул Ахрар ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG