Достапни линкови

ДУИ и СДСМ за одлуката на Уставниот суд


Од ДУИ денеска ја поздравија денешната одлука на Уставниот Суд која, како што соопштија, овозможува свикување на Собранието како прв и неопходен чекор за решавање на длабоката политичка криза.

Од СДСМ пак соопштија дека со одлуката на Уставниот суд се создава само привид дека се отвара пат за решавање на кризата. Според партијата, ова е уште една потврда дека одлуките на Уставниот суд ги пишува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Опозицијата повторно потенцира дека бара повлекување на аболицијата и свикување на Собранието за одложување на изборите, и нивно закажување кога ќе бидат исполнети сите услови за спроведување на фер и дмеократски начин.

Уставниот суд на денешната седница едногласно реши да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Македонија и донесе времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

XS
SM
MD
LG