Достапни линкови

САД предупреди на можни терористички напади во Турција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Амбасадата на САД во Анкара ги предупреди американските државјани во Турција да бидат внимателни поради можни терористички напади во текот на утрешниот ден, кога земјата го одбележува Денот на сеќавање на Кемал Ататурк и Празникот на младите и спортот, објави денеска електронското издание на весникот „Хуриет“.

Во соопштението се посочува дека американските туристи би можеле да бидат потенцијална цел на терористички организации во Турција, па затоа им се препорачува на државјаните на САД сериозно да ги имаат предвид ваквите предупредувања во врска со нивната безбедност.

Во исто време и турската полиција издаде предупредување за можни напади од страна на групата Исламска држава на 19 мај, јави Анадолија.

Во предупредувањето кое се однесува за сите 81 окрузи во Турција, се наведува дека ИД ги смета турските војници и полицајци за неверници, па затоа им дозволува на нејзините припадници да ги убиваат.

XS
SM
MD
LG