Достапни линкови

ДС: Одлуката на Уставниот суд е победа на правото


Демократскиот сојуз (ДС) смета дека одлуката на Уставниот суд да ја преиспита уставноста на самораспуштањето на Парламентот со одложена примена, како и времената мерка за замрзнување на сите изборни активности е победа на правото и правната логика над политиката која ја води раководството на владејачката партија, соопшти партијата.

Оваа одлука, како што се наведува во соопштението, е само искра надеж дека полека, но сигурно, ќе се демонтира еднопартиското и авторитарно владеење.

Граѓаните бараат промени и затоа секојдневно протестираат и нема да престанат се додека не се создадат услови за избори, стои во соопштението од ДС.

XS
SM
MD
LG