Достапни линкови

Уставен суд донесе времена мерка за запирање на сите изборни дејства


Уставниот суд на денешната седница едногласно реши да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Македонија и донесе времена мерка со која се запираат сите изборни дејства. Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник, по што и формално стапува во сила. Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот. Иницијативата ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, за која од Уставниот суд посочуваат дека има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа. Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.

XS
SM
MD
LG