Достапни линкови

logo-print

„Протестирам“ до Уставните судии: Застанете на страната на правдата


Граѓанското здружение Протестирам и Шарената револуција денеска јавно се обратија до судиите на Уставниот суд на Република Македонија. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието“, се вели во обраќањето насловено „Застанете на страната на правдата“. Да ве потсетиме, се додава во текстот, дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно 60 дена пред датумот на избори и без притоа да се води сметка за фактот дека услови за фер и демократски избори во Република Македонија нема. Непрочистен избирачки список, неспроведени реформи во медиумите и сѐ уште висок степен на корупција и неодвоеност на партијата од државата.

„Денес конечно ќе треба навистина да ја одиграте својата улога на заштитници на правата и слободите на граѓаните и да застанете на страната на правдата и законот. Денес треба да се ставите над интересите на злосторничкото здружение и да донесете одлука која ќе ги врати кредибилитетот и довербата на граѓаните во Уставниот суд. Денес треба да победат правдата и законот,“ се вели во обраќањето до судиите на Уставниот суд.

XS
SM
MD
LG