Достапни линкови

Турскиот парламент за укинување на пратеничкиот мандат


Турскиот парламент синоќа во прелиминарно гласање ја поддржа ревизијата на Уставот за укинување на имунитетот на пратениците под судска истрага. Опозицијата веднаш оцени дека станува збор за маневар на владата со цел да ги отстрани непожелните пратеници. Конечното гласање за измените на Уставот ќе биде одржано деновиве, кога нацрт текстот треба да биде усвоен од две третини на пратениците. Доколку предлогот помине тогаш пратеничкиот имунитет може да им биде одземен на прокурдските лидери Селахатин Демирташ и Фиген Јиксекдаг против кои се води кривична постапка.

XS
SM
MD
LG